top of page
welding.jpg

Изберете ги гасовите за заварување што најмногу одговараат на вашите приоритети.

Ние ви нудиме гас за заварување што е во согласност со вашите материјали, процеси и очекувања

ar-symbol-for-arc-welding-web-pages_189880.avif

Аргонот е најчесто користен заштитен гас при TIG и MIG заварување. Обезбедува чист и стабилен завар и се користи кај алуминиум, нерѓосувачки челик и други чувствителни материјали

СО2 често се користи при MAG заварување. Овозможува добра пенетрација и е еконимично решение за заврување на челик. Тој обезбедува стабилен процес на заварување и помага во добивање квалитетни и цврсти споеви

AR/CO2 

Поради нивните убедливи предности во однос на квалитетот и економичноста, мешавините на гас на база на аргон со јаглерод диоксид (CO2)  како активнa компонентa сега се многу пошироко користени од чистиот CO2 за GMAW/MAG заварување на карбон челици.Мешавината со поголем процент на СО2 овозможува да се достигне потребната пенетрација, чист завар на нечисти, оксидирани или обложени површини, поголем пренос на топлина и влез со помал степен на порозност

Поради високата реактивност на кислородот, заварувачите треба да размислат дали O2 е компатибилен со нивниот процес и барања за материјали, и колку од овој реактивен гас треба да додадат во нивната мешавина. Нашите производи имаат содржина на O2 помеѓу 0,03% и 12%.

Хелиумот се користи кај специјални процеси на заварување каде е потребна повисока температура и поголема брзина на работа, особено кај дебели материјали и обоени метали.

Водородот е  реагенс за редуцирање на кислородот. Откако ќе се дисоцира во зоната на лакот или на жешки метални површини, може да го врзе достапниот кислород и на тој начин да избегне оксидација на металот. H2 е исто така одличен реагенс за пренос на топлина. Сепак, овие предности можат да се искористат само со одредени легури како што се не'рѓосувачки челици, бидејќи многу други легури се склони кон кршливост или порозност во присуство на H2.

C2H2

Ацетиленот се користи за заварување, лемење, сечење, исправување или загревање. Често се користи во комбинација со кислород за заварување и сечење.

Способноста за прилагодување на карактеристиките на пламенот со менување на мешавината кислород-ацетилен го прави ацетиленот разновиден извор на топлина за низа заварувања и сродни апликации.

Во споредба со други горивни гасови како пропан, ацетиленот генерира потопол пламен, што го прави погоден за заварување челик, кој има повисока точка на топење.

bottom of page