
Кислородот, Азотот, Јаглерод Диоксидот и Аргонот се атмосферски гасови - сите понудени од ЛГ Вест Балкан со различни степени на чистота, концентрации и начини на снабдување. Без разлика дали во цилиндри или цистерни, ние сме тука да одговориме на вашите потреби.

КИСЛОРОД
Кислородот е еден од најважните индустриски гасови и има широка примена. Благодарение на неговата способност да го поддржува процесот на согорување и оксидација, значително ја подобрува ефикасноста на многу производствени процеси.
Примена наоѓа во металургијата и обработката на метали, хемиската индустрија, прехрана, медицина и фармација, третман на води и заштита на животна средина, енергетика и други индустрии

АЗОТ
Азотот е еден од најкористените индустриски гасови и има широка примена. Поради неговата инертност и способност да спречи реакции со други супстанции, азотот е незаменлив во многу индустрии.
Примена наоѓа во прехрамбената индустрија, автомобилската индустрија, ладење и криогени процеси, нафтена и гасна индустрија, фармација и медицина, хемиска и други индустрии.

Јаглерод Диоксид
Јаглерод диоксидот (CO2) е течен, безбоен, незапалив гас кој може да се добие од различни извори. Јаглерод диоксидот има многу добро познати при мени во прехранбената индустрија и индустријата за пијалоци - од газирање пијалоци и конзервирање вино до модифицирање на атмосферата за пакувана храна. Но исто така наоѓа своја примена и во противпожарни системи, земјоделие и стакленици, ладење и замрзнување, заварување и метална индустрија, хемиската индустрија и третман на води

Аргон
Аргонот е инертен гас кој се користи во многу индустриски процеси каде е потребна заштита од кислород, влага и други влијанија од околината. Благодарение на својата стабилност и безбедност, аргонот има значајна улога во современата индустрија и технологија.
Се користи во металургијата, заварување и обработка на метали, електронската индустрија, производство на стакло, лаборатории, ласери и високотехнолошка индустрија