_PNG.png)
ЛГ Вест Балкан е основана во 2002 година од страна на Линде АГ Германија под името Линде Гас Битола а со цел производство и продажба на јаглерод диоксид. Во 2013 година Линде АГ го проширува своето портфолио на Македонскиот пазар и со останатата палета на гасови како што се кислород, азот, аргон, ацетилен, хелиум и разни мешавини. Компанијата п од името Линде Гас Битола работи се до крај на 2019 година.
Во 2020 година, менаџерскиот тим ја откупува фирмата, се ребрендира во ЛГ Вест Балкан, и се продолжува со продажбата на гасови, но со дополнителни инвестиции.
Со цел побрза и поефикасна комуникација со клиентите, во 2023 година се инвестира во сопствена полнилница за кислород, азот, аргон и јаглерод диоксид. Се купуваат сопствени цистерни за транспорт на течни гасови и се проширува портфолиото на производи и услуги кои што ги нуди компанијата.
Во 2024 меанџерскиот тим одлучува да инвестира во станица за хидростатско тестирање на боци и сертификација од овластено тело, со што се заокружува еден циклус на комплетна услуга кон клиентот.
ЛГ Вест Балкан може да се пофали со висок квалитет на своите производи и со конкурентни цени. Целта на компанијата не е само да се продаде туку и кога е потребно да се понуди идејно решение за заштеда на потрошувачката на гасовите кај своите клиенти.








